Дома Фудбал Англија Михтаријан сигурен: Наскоро ќе почнеме да победуваме!

Михтаријан сигурен: Наскоро ќе почнеме да победуваме!

Арсенал катастрофално ја отвори новата сезона во Премиер лигата, со два порази, но Михтаријан е сигирен дека набрзо ќе дојдат добрите резултати за „топџиите“.

Медиумите на Островот ги критикуваат „топџиите“, но Михтаријан тврди дека играчите се уште се привикнуваат на новиот стил на игра наметнат од Унаи Емери.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секој може да го изрази своето мислење. Ние знаеме многу добро за што играме и како треба да играме. Не сакаме да ја шутираме топката напред и да се молиме на Бог да имаме можност да постигнеме гол. Тоа не е потребно. Потребно е да работиме напорно, да веруваме во нашите способности и да ги искористиме нашите позиции, а во моментов немаме таква шанса, но тоа се само првите неколку натпревари “, изјави Ерменецот.

„Емери задржа дел од идеите на Венгер, но додаде и нови елементи. Не е лесно, но тоа го прави на вистински начин. Тој сака да доминира и ние се трудиме да го правиме тоа. Резултатите ќе дојдат“, додаде Ерменецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал сака асот на Челси, но нема да плати повеќе од 100 милиони евра

Енцо Фернандез, играч за врска на Челси и најскапиот играч во историјата на клубот, официј…