Синиша Михајловиќ од 2019 година се бори со леукемијата, а сега состојбата му се влошила. Според последните информации на италијанските и српските медиуми, Михајловиќ води борба за својот живот.
Вчера италијанскиот новинар, Иларио Ди Џованбатиста од „Радио Радио“ објави дека состојбата на Михајловиќ е стабилна, но дека навистина е влошена во однос на претходно. Додаде дека во овие моменти Михајловиќ е опкружен со семејството кое му дава поддршка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес повторно се огласи и порача дека не е во ред тој да објавува во каква состојба е легендарниот српски фудбалер и тренер, туку тоа треба да го направи семејството кога ќе одлучи.
„Ноќта помина, издржи, Синиша“, додаде во објавата.
Семејството на Михајловиќ во последните денови целосно престана со објавите на друштвените мрежи и тоа дополнително ги загрижува фановите.
Ќерките на Михајловиќ со денови не се активни на социјалните мрежи, а сопругата Аријана не се огласила од 5. декември. Бројни фанови на друштвените мрежи вчера и денес му испраќаат пораки за поддршка.
Михајловиќ последниот ангажман го имаше во Болоња која ја водеше во првите пет кола од првенството.
Претходно во кариерата како тренер работеше во Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и репрезентацијата на Србија. Како играч го носеше дресот на Боров, Војводина, Црвена Звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.