Легендарниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ е помеѓу десетмината избрани кои ќе бидат примени во „Куќата на славните на италијанскиот фудбал“.
Покрај Михајловиќ кој почина на 16-ти декември минатата година на церемонијата која ќе биде организирана на крајот на оваа сезоната вакво признание ќе добијат: Џанфранко Зола, Зидан, Мурињо, Алесандро Атобели, Кристијан Џирели, Ернесто Пелегрини и Ерно Егри Ербшајн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Куќата на славните на италијанскиот фудбал“ постои од 2011 година и беше основана од Фудбалскиот сојуз на Италија и Фондацијата „Музеј на Фудбалот“.
Членови досега се играчи, тренери, судии, менаџери и останати фудбалски работници кои оставија длабока трага во историјата на овој спорт.