Денес Синиша Михајловиќ после четири месеци битка за опасната болест се појави на пресконференција.
Покрај многуте теми, Михајловиќ зборуваше и за можноста Златан Ибрахимовиќ да пристигне во Болоња во зимскиот преоден рок.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Италијанските медиуми претходните недели пишуваа дека Михајловиќ и Ибрахимовиќ се во постојан контакт и дека Болоња е заинтересирана да го донесе во своите редови.
„Заинтересиран е, се слушнавме пред еден месец. Ако дојде во Болоња, ако го направи тоа поради нас, пријателството ќе пресуди. Се сложивме да ме извести, без разлика дали доаѓа или да реши да замине на друго место. Тој има многу понуди“, порача Михајловиќ.
Ибрахимовиќ денес изјави дека ја сака Италија, и дека Милано е неговиот втор дом, па наговести враќање во Серија А.