Дома Фудбал Италија Михајловиќ може да го наследи Пирло во Јувентус

Михајловиќ може да го наследи Пирло во Јувентус

Андреа Пирло нема да ја води екипата на Јувентус во наредната сезона и готово сигурно ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.

„Старата дама“ е во потрага по нов тренер, а изминатите денови се шпекулираше со евентуално враќање на Макс Алегри во Торино.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кориере дело Спорт“ пренесува дека во најтесна конкуренција е и Синиша Михајловиќ.

Српскиот тренер е спремен да ја напушти Болоња со која лесно избори опстанок во Серија А, а Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Михајловиќ има големо искуство во италијанскиот фудбал, а во минатото беше тренер и на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Судија на „тапет“ поради контроверзен пенал на Реал Мадрид: Ова е срамно (Видео)

Босанскиот судија Ирфан Пелјто се најде на мета на критики поради одлуките на натпреварот …