Дома Фудбал Останато Михајловиќ за борбата со леукемијата: Докторот ми рече дека вакво нешто нема видено 40 години!

Михајловиќ за борбата со леукемијата: Докторот ми рече дека вакво нешто нема видено 40 години!

Михајловиќ откри како ја победи леукемијата и дека тоа го направило многу подобар човек. Притоа истакна дека последните два месеци во карантин за него биле уживеање бидејќи бил заедно со семејството.

„Јас ги минав најубавите два месеци во животот. На некои луѓе сето ова им падна тешко, но гледајќи од моја перспектива, пред четири месеци бев во една соба „три на три“, не смеев да го отворам прозорот, никој не смееше да дојде да ме посети. После тоа заминав во мојот дом, овој карантин беше уживање бидејќи бев заедно со целото семејство“, откри Михајловиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Никогаш не сум бил болен бидејќи живеам здраво и активно. Секој ден тренирам, трчам. Поради сето ова бев сигурен дека не може да ми се случи вакво нешто. Едно утро на Сардинија не можев да станам од кревет. Докторот на Болоња ме прати на магнетна резонанца, а таму беа зачудени како можам да трпам толку голема болка. Вакво нешто немаа видено 40 години, се чудеа како можам да стојам на нозе. На момент помислија дека можеби машината за магнетна резонанца е расипана“, раскажува српскиот тренер.

Никогаш не треба да ја изгубите желбата за борба и желбата за живот. Имав обврска кон другите луѓе, кон моето семејство, морав да бидам пример за останатите. Не велам дека сите треба да се борат како мене, но мора да имаат желба за живот. Минаа седум месеци од лошата вест и исто толку од борбата против леукемијата, и резултатите се добри. Сега повеќе уживам во малите нешта, кои претходно не ги приметував. Сега сум благодарен што можам да дишам чист воздух“, откри Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…