Пред натпреварот со Лихтенштајн разговаравме со легендата на македонскиот фудбал Митко Стојковски, за неговата кариера и двата натпревари кои и следат на Македонија.
Првиот дел од разговорот ако сте го пропуштиле беше објавен пред дуелот со Лихтенштајн можете да го прочитате – тука. Денес како што најавивме пред вечерашниот натпревар со Германија објавен е и вториот дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што би им порачале на фудбалерите пред натпреварот со Германија.
„Германија сигурно ќе сака да ни се реваншира за домашниот пораз, а ние треба да одиграме паметно, мудро, одговорно и да ја чекаме нашата шанса. Ако ни се укаже шанса треба да ја искористиме исто како што беше и во Дуизбиург“.
Кој момент од кариерата би го издвоиле како најдраг?
„Има повеќе, но ако треба да издвојам тогаш тоа е првиот официјален квалификациски натпревар на Македонија против Данска на кој го постигнавм првиот исторски гол и од клуппскиот фудбал 100. Дерби во дресот на Звезда против Партизан кога победивме со 2:1, а јас го дадов победничкиот гол. Со таа победа ја освоивме титулата, таа година дојдовме и до двојна круна“.
Во контакт ли сте денес со поранешните соиграчи од репрезентацијата?
„Да скоро со сите, а морам да потенцираме дека во тие два циклуси во кои играв јас сите играчи потекнуваа од тогаш најдобрата фудбалската школа, битолската. Денес тоа повеќе не е случај“.
За крај ќе потсетиме натпреварот Македонија – Германија се игра вечерва од 20:45 часот на Арената и сите ние веруваме во ново чудо, иако секако ќе биде тешко.
Фото: Телеграф.рс