Дома Македонски спорт Митко Стојковски – порака од легендата до репрезентативците: Против Лихтенштајн најсериозно!

Митко Стојковски – порака од легендата до репрезентативците: Против Лихтенштајн најсериозно!

Пред двата важни натпревари во квалификациите на Македонија против Лихтенштајн и Германија разговараме со легендата на македонскиот фудбал Митко Стојковски.

Митко Стојковски имаше можност да биде дел од онаа генерација на Македонија која го победи Лихтенштајн со 1:11, тој беше и стрелец на два гола во тој натпревар. Неговото искуство секако е огромно, па советите за репрезентативците пред едни вакви важни натпревари секако се добредојдени.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неговата порака пред Лихтенштајн е – да се сфати најсериозно!

Бевте дел од добро познатиот натпревар во кој Македонија го победи Лихтенштајн со 1:11. Можете ли да направите споредба на таа селекција со оваа денес?

“Неблагодарно е да се прават споредби. Во тој квалификациски циклус кога селектор беше Ѓоко Хаџиевски игравме одлично и бевме блиску до бараж, а за жал иако бевме подобри изгубивме несреќно во клучниот натпревар на две кола пред крајот во Литванија, на теренот бевме многу подобри. Денешната репрезентација има свои квалитети и се надевам дека ќе успeат до крај на квалификациите затоа што имаме реални шанси за второто место. Германија иако ја победивме во првиот натпревар според мене ќе биде прва во групата“.

Стојковски во дресот на Штутгарт

Како ви изгледаше Македонија со Милевски во првите три натпревари?

“Прво, морам да нагласам дека заминувањето на Пандев остави трага во играта на репрезентацијата. Резултатски не поминавме добро, очекував повеќе бодови во тие три натпревари. Се виде дека новиот селектор сака да промени некои работи, да наметне поинаков стил и систем, со повеќе посед, притисок на противникот и голема дисциплина на секој дел од теренот. За тоа треба тимот да е 100% физички спремен да издржи таков ритам 90 минути, а тоа мислам дека ни недостастува во овој момент. Затоа имавме падови на тие натпревари, посебно во Исланд каде што после 70 миути дојде еден голем пад во играта. Истото ни се случи со Романија со која одигравме 0:0. Ни фали реализацијата, се надевам дека тоа ќе го корегираме во следните натпревари и ќе ги добиеме Лихенштајн, Ерменија и Исланд со нив мислам дека сме фаворити. Со Германија да го дадеме максимумот, па ако е тоа доволно дај боже да ги изненандиме пак, иако ќе биде многу тешко“.

Што би има порачале на репрезентативците пред овие два натпревари

„Прво да го победиме Лихтенштајн за кој треба да бидеме максимално сериозни, тој натпревар е многу важен во овој момент. Три бода се три бода и против нив и против Германија. Затоа можам да им порачам на репрезентативците овој натпревар да го сфатат најсериозно и со правилен пристап да влезат во натпреварот“.,

Колку бода очекувате од овие два натпревари? (Лихтенштајн и Германија).

“Посакувам шест, но реално очекувам три“.

Следете не, ова беше првиот дел од разговорот, вториот ќе биде објавен пред вториот натпревар на Македонија во овој циклус, против Германија дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…