Само во еден ден се појавија нови заразени со коронавирус во три италијански клуба и тоа секако не е добра најава за прашањето дали сезоната ќе продолжи.
Минестерот за спорт во Италија Виченцо Спадафора долго време објаснува дека е ризично фудбалот да продолжи, но она што се случува сега можеби покажува дека човекот е во право.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Услови да се продолжи Серија А се уште нема.
„Веста за новите заразени не ни оди во полза. Додека не видиме како ситуацијата со вирусот ќе се развива не можеме да дадеме прецизен договор околу продолжувањето на сезоната. Јасно е дека тоа што се случуваше во последните 24 часа не ни помага“.
Според последните најави кои беа пред да се појават новите случаи на коронавирус клубовите со тренинзи требаше да започнат на 18. мај.
„Следната недела, пред 18. март ќе ја анализираме ситуацијата. Здравствениот комитет ќе даде своја препорака и тогаш ќе донесеме конечна одлука. Секој кој мисли дека експресно ќе се вратиме на стариот начин на живот се лаже, тоа не е можно ниту во спортот нито воопшто во другите делови од живото“, заврши Спадафора.