Она што беше најавено во изминатите денови, денеска го доби својот епилог. Такуми Минамино е нов играч на Ливерпул!
Официјалната веб-страница на Ливерпул потврди дека Такуми Минамино е нов член на тимот од „Енфилд“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Мој сон беше да станам играч на Ливерпул. Навистина сум возбуден што тој момент се оствари. Играњето во ПЛ беше една од моите цели. Мислам дека ова е најдобрата лига во светот, лига во која можам повеќе да напредувам. Едвај го чекам дебито.“ изјави Јапонецот на својата презентација во Мелвуд.
Цената на трансферот изнесуваше само 7,25 милиони фунти и тој треба да му се приклучи на тимот на првиот ден од 2020. година. Во последните пет години, јапонскиот фудбалер играше за австрискиот шампион и има постигнато 64 гола на 189 натпревари.
??? @takumina0116 ??? pic.twitter.com/PDlrYPpNLQ
— Liverpool FC (@LFC) December 19, 2019