Дома Фудбал Репрезентации Милошевиќ му заканувал на Халанд дека ќе му ги скрши нозете

Милошевиќ му заканувал на Халанд дека ќе му ги скрши нозете

Норвешка вчера победи во скандинавското дерби со Шведска со 2:1, херој за Норвежаните беше новиот напаѓач на Манчестер Сити Ерлинг Халанд.

Халанд така стигна до бројката од 18 голови во 19 натпревари за репрезентацијата. Покрај двата гола Халанд се најде во центарот на вниманието и поради разговорот кој го имаше со Швеѓанецот со српско потекло Александар Милошевиќ.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


После натпреварот Халанд откри дека Милошевиќ му се заканувал.

„Милошевиќ прво ми зборуваше дека сум кучка, а потоа само една минута пред да постигнам гол ми се закани дека ќе ми ги скрши нозете. Со постигнатиот гол на најдобар начин му покажав што мислам за неговите закани. Чувството кога постигнувате голови носејќи го дресот на својата репрезентација е фантастична, нашиот народ заслужува радост“, изјави Халанд.

Од друга страна Милошевиќ тврди дека не му кажал такво нешто.

„Не сакам да ги коментирам ситуациите на теренот, така е и за оваа. Јас не зборувам норвешки, не знам дали тој знае шведски. Не сум кажал такво нешто и не поддржувам такви работи на фудбалскиот терен“, истакна Милошевиќ по мечот.

Во групата 4 Норвешка има максимални шест бода, Србија и Шведска имаат по три, последна е Словенија без бодови.

РАЗГОВОРОТ МЕЃУ МИЛОШЕВИЌ И ХАЛАНД

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ВИДЕО Погледнете го голот на Атлетико во 95 минута и ерупција на Метрополитано

Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на …