Дома Топ вести „Милионерите“ ја добија битката за аргентинскиот напаѓач

„Милионерите“ ја добија битката за аргентинскиот напаѓач

Како што пренесува германски „Билд“, Борусија Дортмунд го завршува трансферот на 18-годишниот напаѓач, Велез Сарсфилд Максимилијано Ромеро во своите редови.

Договорот се чини постигнат, германскиот клуб за услугите на 18-годишниот напаѓач ќе издвои 12 милиони евра и тој ќе биде нивното прво зимско засилување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Идејата е тој да биде наследникот на Пјер Емерик Обамејанг, а за ова момче од Аргентина интерес покажаа многу европски клубови.

Борусија судејќи по се ја доби трката со споменатите клубови, па Ромеро ќе ја засолжи опремата на „Милионерите“ на почетокот на следната година.

Ромеро има договор со Велез до 2019. година, оваа сезона на 10 настапи запиша четири погодоци и една асистенција. Фудбалските експерти му предвидуваат одлична кариера и дека во иднина може да стане еден од најдобрите светски напаѓачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…