Дома Трансфер зона Милик ги одби Симеоне и Мурињо, сака во Јувентус

Милик ги одби Симеоне и Мурињо, сака во Јувентус

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.

Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.

Наполи не сака да го продаде напаѓачот на директен ривал, но италијанските медиуми тврдат дека Милик веќе се договорил со Јувентус.

Тотенхем и Атлетико Мадрид исто така испратиле понуда до полскиот напаѓач, но Милик сака кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…