Дома Фудбал Останато Миле Свилар откри што му кажал Ромелу Лукаку после натпреварот против Јунајтед

Миле Свилар откри што му кажал Ромелу Лукаку после натпреварот против Јунајтед

Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар, даде интервју за португалската „Абола“, а една од темите беше натпреварот помеѓу Бенфика и Манчестер Јунајтед.

Имено, после овој натпревар фантастичниот млад голман на португалскиот клуб имал прилика да разговара со Ромелу Лукаку, а во ова интервју открил што му кажал напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лукаку не ми кажа ништо посебно, пред се ми кажа да заборавам на грешките и да продолжам напред. Исто така, додаде дека е горд што потекнуваме од ист клуб, Андерлехт“, открива Свилар.

Свилар истакна дека го почитува тоа што му го кажал Лукаку.

„Кога ја напуштав Белгија голем дел од луѓето не веруваа дека ќе бидам тука каде што сум сега, поради тоа навистина ми беше мило да ги слушнам тие зборови“, заврши Свилар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…