Ветеранот на Баерн Минхен, Томас Милер испрати порака до ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе пред утрешниот дуел на „Алијанц Арена“.
Баерн утре го пречекува ПСЖ во реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, а во првиот меч победи во Париз со 0:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милер знае дека најголемата опасност за Баварците доаѓа од Мбапе, па имаше само пофални зборови за него.
„Неговата експлозивност, преземање на топката, тој е ѓавослки ефикасен и многу ми се допаѓа. Мислам дека целиот свет сака да го гледа. Но ако нашиот план функционира, утре нема многу да се забавува“, изјави Милер.
На првиот меч Мбапе не беше доволно рехабилитиран и одигра само во второто полувреме, а утре ќе биде спремен и ќе биде во стартниот тим.