Според пишувањата на германски Кикер, ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер добил богата понуда од неименуван кинески клуб.
Наводно, на Милер му е понудена годишна плата од неверојатни 25 милиони евра, односно околу 480.000 евра неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, се чини дека навивачите на Баерн не треба да бидат многу загрижени дека Милер може да се најде во искушение поради понудата.
Според пишувањата, Милер во овој момент не е премногу заинтересиран за преселба во Кина, бидејќи сака да остане да игра на највисоко ниво.
Освен тоа, 29-годишниот играч има добра плата во Баерн, заработува околу 15 милиони евра годишно.
Милер претходната сезона запиша 45 настапи и запиша девет погодоци и 16 асистенции. Тој со Баерн има договор до 2021. година.
RUMOUR | Thomas Muller has received a lucrative offer from China, according to Kicker. The Germany international is said to have a €25M-a-year contract on hand ?⚽️ #Muller #BayernMunich https://t.co/0Zuq4oZxkU pic.twitter.com/PvNLXlH7MY
— Football Transfers⚽️ (@Transfers) June 17, 2019