Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Целта е да победуваме на секој меч

Милевски: Целта е да победуваме на секој меч

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски посакува победа на утрешниот дуел против Фарски Острови,  без разлика што станува збор за пријателски меч.

Македонската репрезентација после стартната победа во квалификациите против Малта, утре ја пречекува селекцијата на Фарски Острови во пријателски меч.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Натпреварот против Малта не смее да биде поразличен од било кој друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат се од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Треба да бидеме потполно фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари”, изјави селекторот.

„Целта на секој меч е да победиме, па така ќе биде и за дуелот против Фарски острови. Кој и да излезе на терен треба да го даде максимумот. По направените анализи на играта на Фарски острови, забележително е дека во последните седум-осум меча имаат само еден пораз. Ја победија Турција што само покажува дека сите напредуваат, сите се обидуваат да ги следат модерните теркови во европскиот фудбал“, додаде Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалски судија нападнат во ‘Ржаничино – полиција го изнесуваше од теренот! 🎥

Покрај битките за место во прва и втора лига, викендов се играа и важни натпревари од пони…