После денешниот натпревар на селекцијата до 21 година прес-конференција одржа селекторот Милевски.
Милевски истакна дека репрезентативците спровеле се што се договориле, но за жал еден момент на невнимение го плативме со два бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Честитки за фудбалерите што го дадоа својот максимум. Спроведоа на теренот се што се договоривме. За жал остави трага натпреварот со Црна Гора, пред се на физички план. Еден момент на невнимание не чинеше два бода. После примениот гол создадовме уште три-четири прилики за гол, но не успеавме реализиравме. Казахстан не е наивна репрезентација тоа го покажаа во претходните натпревари и кога против ваква репрезентација ќе создадете седум-осум прилики значи дека сте одиграле одлично. Јас сум горд на овие момци што покажаа дека имаат квалитет и голем потенцијал. Само прашање на време е кога тој потенцијал ќе излезе на површина“, изјави Милевски после натпреварот.
„Фудбалерите се свесни дека одиграа квалитетно и се и тоа како разочарани. Како што кажав, не можам да им замерам затоа што јас искрено не видов некоја селекција да создаде повеќе шанси против Казахстан од нас“, завршо селекторот.