Селекторот Благоја Милевски денес ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот натпревар на Арената „Тодор Проески“ против Финска.
Милевски на овие два натпревари гледа како на генерална проба пред квалификациските натпревари за Европското првенство кои следуваат во март.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Натпреварите во Лигата на Нации се зад нас сега се актуелни пријателските натпревари против Финска и Азербејџан, тие за нас генерална проба за квалификациските натпревари во март. Ќе пробаме различни варијанти за сето она што не очекува идната година. Токму затоа инсистирав да имаме квалитетни противници, Финска е супер тим и се наоѓа во вториот шешир. Точно ќе ни даде насока и правец дали би требало да се смени нешто или да се задржи пред предизвиците во групната фаза. Имаме квалитетна група и потребни ни се натпревари со квалитетни противници“, изјави Милевски.
Натпреварот против Финска го играме во терминиот од 18:00 часот, додека в недела од 20:00 часот не очекува натпревар против Азербејџан.
Фото: ФФМ