Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски утре го објавува списокот за баражот со Италија

Милевски утре го објавува списокот за баражот со Италија

Селекторот на Македонија Благоја Милевски утре ќе го соопшти за долгоочекуваниот бараж против Италија.

Македонија на 24. март во Палермо ќе игра бараж против селекцијата на Италија, а подобриот ќе оди на вториот дуел од оваа група кој го играат Португалија и Турција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од страна на клубовите веќе е потврдено дека повик добија браќата Бабунски од Дебрецин кој за првпат заедно ќе бидат дел од еден репрезентативен собир. Доријан добиваше повици за претходните собири, додека Давид од поодамна нема настап.

Тихомир Костадинов и Елиф Елмас како што е познато поради жолти картони нема да бидат дел од баражот и тоа ќе биде сериозен удар за нашиот среден, неизевен е и Аријан Адеми кој се рехабилитира од повреда.

Во останатиот дел поголеми проблеми не би требало да има, но да почекаме до утре…

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…