Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави нецелосниот список на играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска.
Седумнаесетте фудбалери на кои смета Милевски се оние кои го изнесоа најголемиот товар во квалификацискиот циклус преку кој беше остварен најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, Пласман на Европското првенство за играчи до 21 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Овие 17 фудбалери дадоа голем придонес на остварувањето на историскиот резултат. Мое е да го испочитувам она што тие го дадоа за националниот тим, тие сигурно ќе бидат на ЕП. Списокот ќе биде дополнет со играчи од генерацијата 1996/1997“, рече на пресконференцијата Милевски.
Македонија во Полска ќе игра против Шпанија, Португалија и Србија, а Милевски комплетниот список ќе го објави на 4-ти јуни.
Голмани: Алексовски, Шишковски
Одбрана: Зајков, Велковски, Муслиу, Мурати, Бејтулаи, Демири
Среден ред: Николов, Барди, Давид Бабунски, Аврамовски
Радески, Ангелов, Ѓорѓев, Пивковски, Маркоски.