Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски го објави списокот: Без Миовски и со еден дебитант против Украина и Англија!

Милевски го објави списокот: Без Миовски и со еден дебитант против Украина и Англија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Украина н Англија.

На списокот очекувано го нема Бојан Миовски кој заработи тешка повреда во последниот настап за Абердин и според најавите го чека пауза од барам два месеци. Во нападот и за овие средби е Илија Несторовски кој во последно време добиваше минутажа во Удинезе, а на последната средба постигна и гол. На местото на Миовски повик доби Љупче Дориев.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дебитантски повик доби Сефер Емини кој настапува во дански Сондерсјике.

Повикани се и четири голмани Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дејан Илиев и Игор Алексовски.

Со Украина играме дома на 16-ти јуни, а три дена подоцна со Англија на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…