Дома Фудбал Италија Милан ќе му го продолжи договорот на Ибрахимовиќ

Милан ќе му го продолжи договорот на Ибрахимовиќ

Фантастичната форма на Златан Ибрахимивиќ го убеди раководството на Милан да му понуди нов договор, пренесуваат италијанските медиуми.

39-годишниот напаѓач има постигнато 16 гола на 17 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања и е најважен поединец во тимот на Пиоли.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Директорите на Миланс се надеваат Швеѓанецот да му помогне на тимот да го однесе во Лигата на шампиони следната сезона. Самиот Ибрахимовиќ не одиграл меч во ЛШ веќе пет години уште кога играше во ПСЖ.

Милан сака да му понуди нов едногодишен договор со цел Ибра следната сезона да игра во престижниот турнир со „росонерите“.

Ибрахимовиќ исто така е спремен да игра уште една година на врвно ниво, па се очекува наскоро да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…