Францускиот репрезентативец и фудбалер на Марсеј, Флориан Таувин наскоро би можел да стане фудбалер на Милан.
„France Football“ пишува дека Милан е многу блиску до догвор со Таувин, а напаѓачот би можел да го напушти клубот за околу 30-40 милиони евра. Тој има договор до 2021 годинa и одби да потпише нов договор бидејќи сака да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа сезона Флориан Таувин има 15 гола, запиша и 9 асистенции во 33 натпревари за францускиот клуб. Минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на тимот кога клубот стигна до финалето во Лигата на Европа, а и оваа сезона го предводи тимот со одлични натпревари и нема сомнеж дека би бил од помош за Милан следната сезона.
„Росонерите“ се во потрага по крилен играч кој ќе може да биде алтернатива за Сусо, но и да игра заедно со Шпанецот, па во Таувин гледаат идеален профил. Франуските медиуми тврдат дека Милан веќе постигнал договор со фудбалерот и ја победил конкуренцијата, па сега останува уште двата клуба да се договорат.
Марсеј за неговата слобода бара помеѓу 30 и 40 милиони евра, но исто така францускиот клуб е заинтересиран за Андре Силва, кој е на позајмица во Севиља. Доколку шпанскиот клуб не го откупи Португалецот за 39 милиони евра, може да дојде до трампа помеѓу Милан и Марсеј.
https://youtu.be/b7SOaKJO3Hw