Дома Топ вести Милан ја сака ѕвездата на Леверкузен

Милан ја сака ѕвездата на Леверкузен

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран во зимскиот преоден рок на „Сан Сиро“ да ја донесе ѕвездата на Баер Леверкузен и германски репрезентативец, Карим Белараби.

Монтела сака да биде донесен еден крилен напаѓач во зимскиот преоден рок, а раководството како прв пик го одреди германскиот репрезентативец Белараби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Белараби моментално е надвор од терените поради повреда, но во изминатата сезона покажа дека е еден од најдобрите крилни напаѓачи во Бундес лигата.

„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Германецот во јануари и веќе спремиле понуда од 25 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на „фармацевтите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…