Милан е во потрага по нов напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.




Феран Торес во јануари пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и главно е на клупата за резерви и добива мала минутажа.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе на „Сан Сиро“ бидејќи Феран Торес може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.




„Росонерите“ имаат одлични односи со Барселона и ќе се обидат уште во јануари да го донесат на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп.




Барселона е спремна да го продаде, но сака да ја врати приближно сумата која му ја плати на Сити за да го доведе на „Камп Ноу“