Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на ПСЖ

Милан тргнува по ѕвездата на ПСЖ

Германските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ, Јулијан Дрекслер.

Милан е во потрага по засилување на крилните позиции, а една од најголемите желби на „росонерите“ е токму Јулијан Дрекслер. 


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Германецот не добива голема минутажа во Париз и е спремен да ја промени средината. Притоа неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и на лето ќе биде слободен агент.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент, а наскоро ќе испрати и официјална понуда.

Дрекслер прифаќа да се пресели на „Сан Сиро“, но како услов сака „росонерите“ да играат во Лигата на шампиони, а Милан е на добар пат да избори пласман за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…