Играчот на Ливерпул, Наби Кеита кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, овој 25-годишен играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Милан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кеита во 2018 година од Лајпциг за 60 милиони фунти пристигна во Ливерпул, но не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Во Милан следната сезона на кормилото ќе седне Ралф Рагник, човекот кој го донесе Кеита во Салцбург, а потоа и во Лајпциг.
Кеита за Ливерпул претходните две сезони настапи на 51 натпревар и постигна шест погодоци.