Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучич во трката за потписот на францускиот напаѓач, Маркус Турам.
24-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Неговиот договор истекува овој месец и тој како слободен агент ќе си бара нов клуб.
После заминувањето на Малдини, се промени трансфер политиката на Милан, па сега прва желба за нападот ќе биде токму Турам, кој може да пристигне без обештетување.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.