Дома Трансфер зона Милан тргнува по Отаменди

Милан тргнува по Отаменди

Италијанскиот гигант Милан е многу активен во преодниот рок и веќе донесе четири засилувања, па сега сака да ја засили одбраната.

Звонимир Бобан и Паоло Малдини, од почетокот на преодниот рок се обидуваат да ја засилат последната линија на тимот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во моментов тренерот Џампаоло на располагање ги има само Ромањоли и Мусакио, бидеќи Калдара е повреден и ќе отсуствува уште неколку месеци од терените.

Поради тоа приоритет е доведување на дефанзивец, а прва мета беше Мерих Демирал, кој ова лето пристигна во Јувентус.

Меѓутоа, преговорите не вродија со плод, па сега „росонерите“ ќе се насочат кон Николас Отаменди од Манчестер Сити.

Искусниот Аргентинец е спремен да ја промени средината, неговата цена изнесува 20 милиони евра, па Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Меѓутоа, Манчестер Сити ќе му дозволи на Отаменди да замине, само доколку донесе адекватна замена до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…