Милан е во потрага по нов напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.




Феран Торес во јануари пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 50 милиони евра.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и главно е на клупата за резерви и добива мала минутажа.




Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе на „Сан Сиро“ бидејќи Феран Торес може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.




„Росонерите“ имаат одлични односи со Барселона и ќе се обидат уште во јануари да го донесат, а спремни се да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.