Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Вердер и косовски репрезентативец, Милот Рашица, пренесува „Билд“.
„Билд“ открива дека косовскиот репрезентативец во договорот со Вердер има откупна клаузула од 38 милиони евра. Меѓутоа, ако клубот испадне од Бундеслигата Рашица ќе може да замине за 19 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа сезона Рашица игра фантастично и на 30 меча постигна 10 гола и запиша 6 асистенции за Вердер.
Покрај Милан силен интерес за крилниот напаѓач покажуваат уште Ливерпул и Лајпциг.
Новиот тренер на „росонерите“ Ралф Рагник одлично го познава фудбалерот и сака да го донесе на „Сан Сиро“.