Како што тврдат шпанските медиуми Реал Мадрид на лето би можел да се ослободи од младиот шпански реппрезентативец Дани Себаљос.
Себаљос минатото лето пристигна во Реал Мадрид за 18 милиони евра од Бетис, но не успеа да добие значајна минутажа во тимот на Зидан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот фудбалер сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а и раководството на „кралевите“ веќе размисува за негова продажба.
Агентот на Себаљос имал средба со раководството на Милан и е спремен да се пресели на „Сан Сиро“, а „росонерите“ покажуваат сериозен интерес за младиот Шпанец.
Реал за неговата слобода бара 40 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба ќе почнат по завршувањето на сезоната.
Не е наведено дали Реал ќе сака да вметне клаузула во договорот според која ќе може да го врати играчот за одредена сума во наредните години.