Дома Трансфер зона Милан спреми 30 милиони за ѕвездата на Лил

Милан спреми 30 милиони за ѕвездата на Лил

Милан добро го засили тимот во летниот преоден рок, а веќе прави планови за зимски засилувања.

„Росонерите“ го засилија средниот ред со Сандро Тонали, но не успеаа да постигнат договор со Челзи за Бакајоко.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека главна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

Милан има одлични односи со Лил од каде минатото лето го донесе Рафаел Леао за 30 милиони евра, а „росонерите“ се спремни да ја понудат истата сума за Сумаре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…