Дома Трансфер зона Милан спремен да го откупи Томори после три меча

Милан спремен да го откупи Томори после три меча

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.

После повредата на Кјаер, Томори дебитираше за Милан во дербито против Интер, а потоа беше стартер на следните два меча и одигра одлично.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец ги воодушеви сите во Милан и покажа дека станува збор за голем талент.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ се спремни да го задржат.

Малдини наскоро ќе започне преговори со Челзи за да го договори начинот на плаќање и ќе побара сумата да биде платена на две или три рати.

23-годишниот дефанзивец исто така е спремен да остане во Милан и да потпише долгогодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…