Дома Фудбал Италија Милан се држеше, но Јувентус го имаше Роналдо – Португалецот со прв трофеј во дресот на „старата дама“ (ВИДЕО)

Милан се држеше, но Јувентус го имаше Роналдо – Португалецот со прв трофеј во дресот на „старата дама“ (ВИДЕО)

Денес во Саудиска Арабија со почеток од 18:30 часот Јувентус и Милан го одиграа италијанскиот Суперкуп.

Поради моменталната форма на клубовите, Јувентус беше фаворит, а на крајот и ја оправда таа улога. „Старата дама“ прослави минимална победа од 1:0, а одлучувачкиот погодок беше дело на Кристиано Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Далеку од тоа дека Милан немаше шанси на оваа средба.

Во првиот дел и на двете страни видовме по некоја прилика, но изостануваа оние 100%.

„Росонерите“ во второто полувреме беа блиску до погодок кога Патрик Кутроне ја погоди пречката од голот на Војчех Шчесни. 

Оваа пропуштена прилика ја казни Роналдо во 61-та минута кога погоди со глава после хируршки прецизната асистенција од Миралем Пјаниќ. Сепак, впечаток е дека во оваа ситуација и Џанлуиџи Донарума не реагираше баш најдобро.

Надежите на Милан значително беа намалени кога во 73-тата минута Франк Кеси заработи исклучување после стартот над Емре Чан.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси се доближува до историски рекорд по надминувањето на Пеле

Лионел Меси го надмина рекордот на Пеле за голови од слободни удари, откако го постигна св…