Сергеј Милинковиќ-Савиќ го прослави својот 24-ти роденден, а од Италија пристигнуваат вести дека тимот на Милан повторно покажува интерес да го доведе во своите редови.
После натпреварот во полуфиналето од Купот на Италија на „Олимпико“ медиумите на Апенините пренесуваат дека „росонерите“ повторно изразиле желба да го доведат Милинковиќ Савиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега понудата не е како онаа за која се пишуваше во текот на летото кога тимот на Гатузо беше и тоа како „загреан“. Савиќ оваа сезона игра нешто послабо од минатата, па и реално е понудите за неговите услуги да бидат пониски.
Седмукратниот шампион на Европа наводно на Лацио му понудил сума од 40 милиони евра и Патрик Кутроне кој во овој момент се проценува на околу 30 милиони евра.
Оваа понуда е далеку од летните 120 милиони евра кои ги бараше претседателот на Лацио, Калудио Лотито. Сепак, сега и тој самиот веројатно е свесен дека таа сума во овој момент за Сергеј е невозможно да ја добие.
Савиќ пред два дена играше против Милан во рамките од Купот на Италија и не одигра лошо, имаше и две прилики да постигне гол, но не беше прецизен.
Исто така во веста се наведува дека спортскиот директор Леонардо е човекот кој најмногу инсистира на доведување на Савиќ во Милано.
https://www.youtube.com/watch?v=mijiQmLMjBI