Изгледа дека трансферот е блиску, Ибра, Пато и Муриел го одбија Леонардо, но Гатузо сепак би можел да добие солидно засилување.
Милан во овој преоден рок ќе се обиде да доведе засилување во напаѓачката линија.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Сега се поврзуваа со еден крилен напаѓач. Откако не пропаднаа преговорите со неколку имиња, изгледа „росонерите“ успеале да договорат позајмица на Јаник Караско од Далијан Џифанг.
Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид со заминувањет во Кина го изгуби местото во репрезентацијата и наводно сака да се врати во Европа.
Се споменува дека во Милано може да биде доведен на позајмица со право на откуп.
Во Азија не се прослави и на 25 натпревари постигна седум голови, а неговиот тим заврши на 11-тата позиција.