Новите директори на Милан, Леонардо и Малдини работат напорно за да го комплетираат тимот со неколку нови засилувања до крајот на преодниот рок.
Најпроблематичен дел од тимот е секако средниот ред, каде „росонерите“ сакаат да донесат две големи засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека четворица фудбалери се на излезна врата. Монтоливо не влегува во плановите на Гатузо и двете страни преговараат за предвремен раскин на договорот, со оглед на фактот што играчот влегува во последната година од договорот.
Бертолачи и Хозе Маури исто така се на излезна врата и за нив интерес покажуваат неколку клубови од Серија А.
Младиот Локатели има потреба од поголема минутажа и Милан ги реактивира преговорите со Сасуоло за негова продажба. Италијанските медиуми тврдат дека договорот е блиску и дека „росонерите“ ќе инкасираат 12-13 милиони евра, но ќе можат да го реоткупат во следните две години за 15 милиони евра.
Со заминувањето на овие четворица фудбалери ќе се отвори простор за две нови засилувања во средниот ред. Бакајоко од Челзи е блиску до трансфер на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 30 милиони евра.
Останува да видиме кое ќе биде второто засилување кое Леонардо се обидува да го донесе на „Сан Сиро“.