Дома Топ вести Милан почна преговори со Жорге Мендеш – го сака еден од најдобрите играчи од Премиер лигата

Милан почна преговори со Жорге Мендеш – го сака еден од најдобрите играчи од Премиер лигата

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан во соработка со супер-агентот Жорге Мендеш работи на големо засилување од Премиер лигата.

Приоритет на „росонерите“ ова лето ќе биде да донесат квалитетен играч за врска, а медиумите откриваат дека најголема желба е плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Рубен Невеш пред две години пристигна во Волвс од Порто за 14 милиони фунти и се еталираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

„Росонерите“ сега се обидуваат да го искористат интересот на Волвс за Франк Кеси и е спремен да го даде Африканецот плус 30 милиони евра за потписот на Невеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…