На Гранит Џака му се оидброени последните денови на Емирати, пишуваат британските медиуми.
Швајцарецот кој сезоната ја започна како капитен, со потегот кој го направи на натпреварот против Кристал Палас ги разлути навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека Џака знае дека за него повеќе нема место во тимот на Емери и дека на челниците на Арсенал ќе им испрати барање за реализација на трансфер, а веќе на големо се шпекулира која ќе биде неговата нова средина.
Иако се шпекулираше со понуди од Бундеслигата и од Њуксл, швајцарските медиуми тврдат дека Џака е на чекор од трансфер во Милан.
„Росонерите“ се во потрага по искусен играч за врска и во 27-годишниот Швајцарец гледаат идеално засилување, па наводно веќе постигнале договор со неговиот агент.
Меѓутоа, Џака не е единствениот фудбалер од Северн Лонодн за кого се заинтересирани „росонерите“. Имено, Милан ќе се обиде во преговорите да го вклучи и Лукас Тореира, кој оваа сезона само 4 пати беше во стартната постава.
Извршниот директор на Милан, Иван Газидис лично ги води преговорите и се обидува да ги искористи добрите односи со својот поранешен клуб.