Една од најголемите трансфер цели на „росонерите“ во летниот преоден рок беше напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.
Меѓутоа, Торино ги одби сите понуди од Милан и успеа да го задржи Белоти во своите редови, кој пак оваа сезона не е во својата препознатлива голгетерска форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Милан повторно ќе се обиде да го доведе „Петелот“ во јануарскиот преоден рок бидејќи не е задоволен од учинокот на Андре Силва и Никола Калиниќ.
„Росонерите“ се спремни да продадат еден од споменатите двајца напаѓачи и да испратат понуда помеѓу 60 и 70 милиони евра за потписот на Белоти.
Тешко е да се поверува дека Торино ќе се согласи да го продаде својот најдобар фудбалер на средина од сезоната, но Милан е упорен и не се откажува од Белоти.