Дома Топ вести Милан нуди 60 милиони и тројца фудбалери за „Петелот“

Милан нуди 60 милиони и тројца фудбалери за „Петелот“

Андреа Белоти е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Сепак, Торино не сака да преговара со зиантересираните клубови и јасно порача дека тие што го сакаат Белоти ќе треба да ја платат откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Неодамна претседателот на Торино го потврди интересот од страна на Милан, но напомена дека е тешко веројатно некој италијански клуб да може да си го дозволи Белоти бидејќи е прескап.

Денес италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ не се откажале од намерата да го донесат „Петелот“ на „Сан Сиро“ и спремиле примамлива понуда за да ги убедат челниците на Торино.

Имено, Милан нуди 60 милиони евра кои со бонуси ќе достигнат до 70, и тројца фудбалери кои се на радарот на Торино.

Станува збор за голманот Габриел кој оваа сезона брани на позајмица во Каљари, потоа левиот бек Лука Антонели и играчот за врска Јурај Кучка. Овие фудбалери се посакувани од страна на тренерот Синиша Михајловиќ, па Милан сака да ги искористи како „карта“ за да дојде до Андреа Белоти.

Инаку Белоти не крие дека е голем фан на Милан и дека негов идол е Андреј Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија ја оправда фаворитската улога во Рига🎥

Македонската фудалска репрезентација запиша рутинска победа на гостувањето кај Летонија со…