Дома Трансфер зона Милан не се откажува од ѕвездата на Шалке

Милан не се откажува од ѕвездата на Шалке

Милан во летниот преоден рок не успеа да доведе дефанзивец, па тоа ќе биде приоритет за „росонерите“ во јануари.

„Спортмедиасет“ пренесува дека главна мета за Милан и понатаму останува дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Милан веќе постигна договор со агентите на турскиот репрезентативец, но не успеа да се договори со Шалке околу обештетувањето.

„Росонерите“ понудија 20 милиони евра со бонуси, а Шалке не сакаше да попушти и бараше најмалку 25 милиони евра за својот играч.

Контактите помеѓу двата клуба продолжуваат и понатаму, па се очекува во јануари Кабак сигурно да го засили миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…