Дома Трансфер зона Милан не негира: Ибрахимовиќ? Почекајте до 15 август

Милан не негира: Ибрахимовиќ? Почекајте до 15 август

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ова лето би можел да се врати во Милан, потврди спортскиот директор на „росонерите“, Масимо Мирабели.

Милан е во потрга по врвен напаѓач за да ја комплетира трансфер кампањата ова лето, а меѓу неколкуте имиња е и Златан Ибрахимовиќ.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Ибрахимовиќ?Никогаш не велам никогаш. Можно е нашиот стар познаник да се врати“, изјави Мирабели.

„Не сакам да се создаде мислење дека Ибра сигурно ќе се врати, но можно е. Во потрага сме по врвен напаѓач, моментално го анализираме пазарот и после 15 август ќе донесеме конечно решение. Сигурно ќе донесеме уште еден напаѓач“, додаде спортскиот директор на „росонерите“.

Покрај Ибрахимовиќ на списокот на Милан се уште Диего Коста, Обамејанг и Калиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Два гиганти ја следат ситуацијата: Влаховиќ го напушта Јувентус по „рецептот“ на Киеза?

Во последно време, Душан Влаховиќ е честа тема на италијанските медиуми, по лошиот почеток…