Дома Фудбал Италија Милан не го дава капитенот – спреми нов, богат договор

Милан не го дава капитенот – спреми нов, богат договор

Милан започна преговори за продолжување на соработката со својот капитен, Алесио Ромањоли, пренесуваат медиумите на Апенините.

Актуелниот договор на Ромањоли истекува во 2022 година, но еден е клучните приоритети на раководството е да ја продолжи соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ромањоли во последните години се етанлираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а минатото лето беше именуван за капитен на тимот.

Интерес за 25-годишниот дефанзивец покажуваат неколку европски гиганти, па поради тоа Милан сака што побрзо да ја продолжи соработката.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни се во преговори и остануваат само уште детали, па договорот треаба официјално да биде потпишан после пандемијата.

Со новиот договор Ромањоли ќе добие значително зголемување на платата, па наместо досегашните 2,5 милиони, ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сер Алекс Фергусон „има порака“ за Рубен Аморим што да прави со Гарначо по заканите за бојкот

Рубен Аморим би можел да се одлучи за некои многу остри тактики кои ги користеше сер Алекс…