Дома Фудбал Италија Милан му понуди директорско место на Малдини – се чека неговиот одговор!

Милан му понуди директорско место на Малдини – се чека неговиот одговор!

Италијанските медиуми тврдат дека Паоло Малдини наскоро ќе се врати во својот матичен клуб, Милан, во улога на технички директор.

Веќе долго време се шпекулира дека новите кинески сопственици го сакаат Малдини во клубот, а сега стигна и официјална потврда за тоа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, новиот генерален директор на „росонерите“, Марко Фасоне имал средба со легендата на Милан и официјално му го предложил местото технички директор во клубот.

Малдини е спремен да се врати во својот матичен клуб, но го известил Фасоне дека ќе даде конечен одговор за неколку дена.

Медиумите се оптимисти дека легендата ќе ја прифати оваа функција, бидејќи со истата ќе има големи ингеренции во клубот и моќ за донесување одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зиркзе сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Милан во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манчест…