Дома Трансфер зона Милан може да добие одлично засилување од Рома

Милан може да добие одлично засилување од Рома

Oд моментот кога беше објавено дека Жозе Мурињо ќе биде тренер на Рома наредната сезона медиумите во Италија шпекулираат за иднината на Хенрик Микхтаријан.

Ерменецот не е во најдобри односи со Мурињо од времето кога двајцата беа во Манчестер Јунајтед и затоа очекувањата на медиумите се Микхтаријан да се пресели во нова средина.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Договорот на Микхтаријан истекува на крајот на оваа сезона и во него има опција тој да биде продолжен за уште една сезона, меѓутоа тоа веројатно нема да се случи.

Место тоа како што најавуваат медиумите Микхтаријан би можел да го облече дресот на Милан кој ќе се обиде да пронајде квалитетни засилувања со оглед дека наредната сезона би требало да се врати во Лигата на шампионите.

Сезонава Микхтаријан има солидни бројки и на 44 натпревари постигна 13 гола и додаде 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …