Дома Фудбал Италија Милан и Чалханоглу далеку од договор

Милан и Чалханоглу далеку од договор

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Хакан Чалханоглу.

Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, и веќе подолго време водат преговори со неговиот агент.

Двете страни се далеку од договор. Милан нуди четиригодишен договор со плата од 3,5 милиони евра по сезона, додека агентот бара минимум плата од 5 милиони евра.

Во наредните денови агентот ќе пристигне во Милано на финални преговори и се очекува Милан да ја подобри понудата за да постигне договор со играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Сити го критикуваат Халанд: Подобри сме без тебе

Навивачите на Манчестер Сити изразија жестока критика кон напаѓачот Ерлинг Халанд, откако …