Дома Фудбал Италија Милан и Интер официјално ја напуштија Суперлигата

Милан и Интер официјално ја напуштија Суперлигата

Италијанските гиганти Милан и Интер го следеа примерот од англиските гиганти и официјално потврдија дека го напуштаат проектот Суперлига.

Откако англиските гиганти и Атлетико Мадрид се повлекоа, веќе стана јасно дека проектот на Суперлигата пропаѓа.

Италијанските гиганти денес со официјални соопштенија потврдија дека не се повеќе дел од Суперлигата.

„Ситуацијата е таква што Суперлигата повеќе не претставува интерес за Интер“.

Од Милан пак соопштија дека ја прифатиле поканата за Суперлига поради фановите и зголемување на квалитетот на фудбалот, а сега се откажуваат токму поради фудбалските фанови од цел свет кога ја виделе нивната реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …